Проверките по дојавите за бомби во Градскиот трговски центар, Ист гејт мол, хотел Мериот, Музеј на град Скопје, Спомен куќа Мајка Тереза, Транспортен центар, ТЦ Бисер и Џевахир холдинг покажале дека станува збор за лажни дојави, соопштија од МВР.
Продолжуваат антитерористичките проверки во преостанатите објекти кои пријавиле дека на нивните електронски адреси утрово пристигнале закани за бомби - Природонаучниот музеј, Археолошкиот музеј, Музеј на ММБ, Флатирон, Управниот суд, Куќата на Претседателот - Вила Водно, хотел Александар Палас, СЦ Борис Трајковски и ФФМ. Исто така добиена е пријава за упатена закана и од 11 училишта во Скопје.
Видете и ова:
Дојави за бомби и во вилата на ПретседателотВчера имаше лажни дојави за поставени експлозивни направи на електронските адреси на 10 училишта и аеродромот во Скопје, како и кај четири во Прилеп.
Веќе неколку месеци, речиси секојдневно во Македонија има лажни дојави за бомби во јавни објекти. Сторителите ретко се пронаоѓаат.