Италијанската премиерка Џорџа Мелони пристигна во Киев во вторник, изјави нејзиниот портпарол за агенцијата Франс Прес, каде што се очекува да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Претседателката на италијанската влада претходно беше во Полска, од каде што со воз замина за Киев.
Мелони синоќа телефонски разговараше со американскиот претседател Џо Бајден, кој во понеделникот беше во ненадејната посета на Киев, соопшти италијанската влада.
„Двајцата лидери разговараа за тековната блиска соработка за поддршка на Украина, вклучително и помош во безбедносни, економски и хуманитарни прашања“, соопшти италијанската влада.
Видете и ова: Италија во обид да ја намали зависноста од руски гасВчера во Полска, Мелони вети дека ќе ја посети Украина пред првата годишнина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.
„Обезбедивме финансиска, воена, хуманитарна и цивилна помош. Се разбира, Украина може да смета на Италија бидејќи, како што покажавме од почетокот,.. бевме таму и ќе продолжиме да бидеме таму“, рече таа синоќа во обраќање до новинарите во Варшава.