Продолжуваат руските напади во Украина, најмалку шест жртви

Украински војници покрај оклопни транспортери во регионот Донецк, Украина, 19 февруари 2023 година.

Украинските сили во изминатите 24 часа беа цел на нови руски напади преку линијата на фронтот на исток, соопшти Киев. Москва продолжи да гаѓа кон цивилни и инфраструктурни цели, при што се убиени најмалку шест цивили, соопштија украинските власти.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вети дека ќе направи „сè“ оваа година да ја победи руската агресија.

Украинските сили одбија 11 напади во три источни региони - Донецк, Луганск и Харкив, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина во својот дневен извештај на 21 февруари, додавајќи дека главни цели на руската офанзива остануваат донецките градови Бахмут. Лиман и Авдијивка и Купјанск во Харкив.

Во Купјанск, ракетен напад оштети болница, фабрика и станбени згради.
Претседателскиот кабинет во Киев соопшти дека во изминатиот ден ширум Украина загинале најмалку шест цивили, а уште 17 биле ранети.
Русите извршија шест ракетни и 28 воздушни напади врз цивилната инфраструктура на регионите Донецк, Запорожија и Херсон и извршија 86 напади од ракетни системи.

Во Донецк, регионалниот гувернер Павло Кириленко рече дека вкупно 15 градови и села се гранатирани во изминатите 24 часа.

Во регионот Харкив, некои населби блиску до руската граница, исто така, беа цел на напад.

Како резултат на гранатирањето, уништени се и оштетени цивилни станбени згради, училишта и продавници, а има мртви и ранети, соопшти Генералштабот.

Британското Министерство за одбрана во својот дневен билтен за разузнавање наведе дека минатиот месец е забележана ескалација на руските бомбардирања кои неселективно беа насочени кон училишта и болници.

Зеленски во своето редовно вечерно видео обраќање на 20 февруари рече дека тој и американскиот претседател Џо Бајден разговарале за тоа што е потребно за да се победи Руската.

Бајден вчера беше во посета на Киев.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Бајден - Освојувачката војна на Путин пропаѓа

„Во моментов, и токму во Украина, се решава судбината на светскиот поредок, кој се заснова на правила, хуманост и предвидливост“, рече Зеленски.

Русија започна неиспровоцирана инвазија на Украина на 24 февруари 2022.