САД ја предупредија Кина на сериозни последици ако помага на Русија

Американскиот државен секретар Антони Блинкен

Американскиот државен секретар Антони Блинкен ја предупреди Кина на „сериозни последици“ доколку Пекинг испорача оружје на Русија за нејзината војна против Украина.

Во интервју за американска телевизија, Блинкен рече дека му порачал на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји претходниот ден дека обезбедувањето смртоносна помош за Русија „би има сериозни последици во нашите односи“.

Видете и ова: Харис: Русија изврши „злосторства против човештвото“ во Украина

Официјален претставник на Стејт департментот рече дека Блинкен бил „прилично директен“ во неговото предупредување до Ванг Ји, притискајќи ја и Кина да не и помага на Москва да ги избегне западните санкции.

Средбата меѓу Блинкен и Ванг Ји е прв контакт меѓу САД и Кина на високо ниво по инциднетот со кинескиот балон, поради кој американскиот државен секретар го откажа патувањето во Пекинг претходно овој месец.