Сончево и топло време до 20 степени

Илустрација

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 17 степени.

И во наредните денови продолжува периодот на стабилно и топло време со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над просекот за овој период од годината.