ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ нема мандат да разговара за нешто што не е одобрено од граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ лого

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ му одговорија на вицепремиерот Маричиќ дека нема мандат ниту овластување од граѓаните да разговара нешто што не е одобрено од граѓаните, откако Маричиќ порача дека редно време е да седнат да разговараат за уставните измени и зошто е проблем да бидат вметнати Бугарите во Уставот.

„Единствено за што власта може да разговара со ВМРО-ДПМНЕ е потребата за предвремени парламентарни избори, бидејќи е јасно што побрзо си замине оваа криминална влада, тоа ќе биде подобро за Македонија“, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ.

Видете и ова: Половина граѓани не веруваат во ЕУ, другата половина е веќе таму

Маричиќ рече дека верува дека ќе дојдат до разумни аргументи и дека е навистина трагично да се блокира државата на патот кон Европската Унија поради ова прашање.

Од ВМРО-ДПМНЕ реплицираа „наместо да троши енергија за тоа, Маричиќ нека започне да се занимава со решавање на проблеми како и со акутната неспособност на власта“.

Северна Македонија во јули минатата година ја одржа првата меѓувладина конференција со ЕУ и започна процесот на скрининг, но услов за втората меѓувладина конференција и отворањето на поглавјето е Бугарите да бидат вклучени во Уставот.