Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска соопшти дека се сретнал со извршниот директор на германскиот производител на оружје „Рајнметал“ за да разговараат за испораките на тенкови и оклопни возила за Украина.
„Се сретнав со извршниот директор на „Рајнметал“ Армин Папергер за да се фокусираме на начините за зголемување на производството за Украина и сојузниците“, напиша Кулеба на Твитер.
Видете и ова:
Вкупно 30 илјади украински војници ќе бидат обучувани во ЕУТој додаде дека разговарале и за можностите за зајакнување на капацитетите на украинските тенкови и оклопни возила. „Рајнметал е подготвен да го засили ангажманот“, соопшти Кулеба, пренесува Ројтерс.
Германската влада одобри извоз на борбени тенкови Леопард 1 во Украина, откако украинските власти побараа од своите западни сојузници да достават потешко оружје за да се спротивстават на руските напади.