Американскиот државен секретар Антони Блинкен ја започнува посетата на Германија, Турција и Грција која ќе трае до 22 февруари.
Како што соопшти Стејт департментот, Блинкен ќе учествува на безбедноснаta конференција во Минхен и ќе ги следи активностите и помошта на САД по земјотресот што ги погоди Турција и Сирија.
Видете и ова: Ердоган вети обнова по земјотресот„Блинкен ќе ја посети воздухопловната база Инџирлик во јужна Турција на 19 февруари за да види од прва рака како САД им помагаат на турските власти по разорниот земјотрес на 6 февруари“, изјави портпаролот Нед Прајс.
Видете и ова: ОН итно побараа помош за Сирија од околу 400 милиони долариВо Грција Блинкен ќе разговара со премиерот на земјата, министерот за надворешни работи и лидерот на опозицијата, рече Прајс.
Тој додаде дека Блинкен ќе го започне четвртиот круг од американско-грчкиот стратешки дијалог на 21 февруари.