Лажни се дојавите за бомби во училиштата

Архивска фотографија - Полиција пред скопско училиште по дојава за бомба

Министерството за внатрешни работи вечерва соопшти дека по направените проверки е утврдено дека лажни се пријавите за наводно поставени екслозивни направи во училишта во Скопје и во Прилеп.

„Во 18.30 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје и во Прилеп по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, информира МВР.

Дојави за бомби во 16 училишта во Скопје и четири во Прилеп

Веднаш по добиените пријави, наведува Министерството, полицијата презела мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.