Кремљ нема да покани новинари од земјите што ги смета за „непријателски“ на обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин пред Федералното собрание следната недела.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека на настанот на 21 февруари ќе бидат акредитирани само медиумите што ги претставуваат „пријателските“ земји.
Странските медиуми од „непријателските земји“ ќе можат да известуваат за говорот само додека го гледаат преносот во живо, рече Песков.
Повеќе од 60 земји, вклучувајќи ги САД, земјите-членки на ЕУ, Велика Британија, Канада и Јапонија, беа прогласени за „непријателски“ од Русија поради воведување или поддршка на санкции како одговор на руската инвазија на Украина.