Донфрид: САД се загрижени за извештаите за руски обиди за дестабилизација на Молдавија

Ерменија-Интервју со Карен Донфрид, заменик-помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања за РСЕ, 20 јуни 2022 година

Соединетите Држави се „длабоко загрижени“ заз извештаите за руски обиди за дестабилизација на Молдавија, вели помошникот државен секретар, Карен Донфрид во интервју за РСЕ.

„Мислам дека сите ние сме добро запознаени со руските игри. Видовме што направи Русија на многу места, вклучително и Молдавија, вклучително и Украина, вклучително и Грузија. Списокот може да продолжи“, вели Донфрид.

Претседателката на Молдавија Маја Санду претходно повика на „максимална претпазливост“ откако добила документи од украинските разузнавачки служби дека Русија планира да ја дестабилизира Молдавија.

Соединетите Држави беа „во близок контакт со нашите молдавски партнери за тоа време и ние силно го поддржуваме раководството на молдавската претседателка Маја Санду“, вели Донфрид. Таа истакна дека Молдавија е во ранлива географска положба со војната во соседна Украина и предизвикот на отцепениот регион Трансдњестар, каде Русија одржува војници.

„Додека Молдавија се соочува со овие тешкотии, го има раководството на Санду, која покажа длабока посветеност на реформската агенда и желба да се придвижи напред на патот на создавање посилна демократија во Молдавија“, рече Донфрид.

Видете и ова: Русија ги отфрла тврдењата на Молдавија дека Москва ја дестабилизира земјата

Молдавија се соочува со политичка криза откако премиерката Наталија Гаврилита поднесе оставка. Санду веднаш по нејзината оставка го назначи поранешниот министер за внатрешни работи на нејзино место. Донфрид вели дека САД „го поддржуваат доаѓањето на новата влада и посветеноста на реформите“.

Стратешкиот дијалог меѓу Вашингтон и Кишињев беше „многу продуктивен и конструктивен“ и САД ќе продолжат да се координираат со Молдавија не само во однос на непосредните тешкотии поврзани со енергетските и економските притисоци, туку и во однос на реформите, нагласи Донфрид.