Кина: САД испратиле повеќе од 10 балони над кинескиот воздушен простор

Ванг Венбин

Кина денеска соопшти дека американски балони на висока надморска височина го прелетале нејзиниот воздушен простор без дозвола повеќе од 10 пати од почетокот на јануари 2022 година. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, одговарајќи на прашање на редовниот брифинг за медиумите во Пекинг, не даде повеќе детали. На прашањето како Кина реагирала на летовите, Ванг рече дека одговорот на Кина на таквите инциденти е одговорен и професионален.

Видете и ова: САД соборија нeидентификуван летачки објект над Алјаска

Тврдењето на Кина доаѓа откако САД претходно овој месец соборија, како што велат, кинески шпионски балон во близина на брегот на Јужна Каролина. Пекинг вели дека балонот бил цивилно истражувачко летало и го обвини Вашингтон за претерана реакција. Војската на САД последователно собори три други летечки објекти над Северна Америка.