Разговори на шефовите за одбрана на Украина и САД пред состаноците на сојузниците

Украина, САД, артилериски ракетен систем со висока подвижност М142 (HIMARS) учествува во воена вежба во близина на Лиепаја, Латвија, 26 септември 2022 година.

Министрите за одбрана на САД и Украина, Лојд Остин и Олексеј Резников разговараа за „приоритетите“, вклучително и противвоздушната одбрана и артилеријата, пред претстојните состаноци на сојузниците на Киев во Брисел, се вели во денешно соопштение.

Откако го исполнија ветувањето за десетици модерни борбени тенкови, украинскиот претседател Володимир Зеленски и другите функционери од Киев ги повикуваат сојузниците да испратат борбени авиони.

По повикот, Резников на Твитер објави дека „САД се непоколебливи во поддршката за Украина“.

Видете и ова: Како земјите од Западен Балкан ѝ помогнаа на Украина

Украинските сили ја чуваат одбраната долж линијата на фронтот во источниот регион Доњецк, вклучувајќи го и опколениот град Бахмут, соопшти во саботата украинската војска. Како што беше истакнато, најголеми проблеми има во градовите Вухледар и Маринка.

Евгениј Пригожин, основачот на руската група Вагнер, денеска изјави дека руските платенички сили го зазеле селото Красна Хора, на северниот раб на Бахмут, пренесува Ројтерс.

Засега нема независни потврди за состојбата на бојното поле.

Новите проектили, кои ќе го удвојат дострелот на Украина во војната со Русија, беа вклучени во пакетот за воена помош на САД вреден околу 2,2 милијарди долари, објави Пентагон на 3 февруари.

Новиот пакет вклучува бомби со мал дијаметар од земја (GLSDB), кои можат да летаат до 150 километри и би ги загрозиле руските позиции и складишта зад борбените линии.

Помошта вклучува, меѓу другото, системи за противвоздушна одбрана, оклопни транспортери и муниција за ракетниот систем ХИМАРС.

Франција и Италија исто така најавија дека на пролет ќе го испратат одбранбениот систем МАМБА во Украина.