Рускиот претседател Владимир Путин ќе одржи говор за состојбата на нацијата на 21 февруари, соопшти денеска Кремљ. Обраќањето на Путин ќе дојде три дена пред првата годишнина од почетокот на руската воена офанзива во Украина. „На 21 февруари претседателот на Руската Федерација ќе се обрати пред Федералното собрание (кое ги обединува двата дома на рускиот парламент)“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Видете и ова: Путин: Повторно ни се закануваат со германски тенковиТој рече дека говорот ќе се однесува на „актуелната ситуација“, особено на руската офанзива во Украина и на економската ситуација во земјата, а ќе се одржи во Конгресната палата во близина на Црвениот плоштад. Песков рече дека списокот на оние кои ќе бидат поканети покрај пратениците се уште се подготвува и дека Кремљ се уште не одлучил дали ќе акредитира странски новинари.