Најмалку пет лица загинаа во експлозија во станбена зграда во рускиот сибирски град Новосибирск. Министерството за здравство во регионот соопшти дека едно двегодишно дете е меѓу загинатите во експлозијата што се случи денеска. Градските власти соопштија дека експлозијата била предизвикана од истекување на гас и уништила 30 станови во петкатницата.
Видете и ова: Пет жртви во експлозија на гас во зграда во РусијаЕксплозии на гас често се случуваат низ поранешниот Советски Сојуз поради старите цевководи и инфраструктурата, како и поради слабите безбедносни стандарди. Два дена претходно, во експлозија на гас во западниот руски регион Тула загинаа најмалку осум лица.