Зеленски во Британија на средба со премиерот Сунак

Украинскиот претседател Володимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе отпатува за Британија за да се сретне со премиерот Риши Сунак, соопшти кабинетот на Сунак. Ова е прво такво патување откако Русија испрати свои војници во Украина во февруари минатата година. Зеленски ќе ги посети украинските војници кои моментално се обучуваат во Британија и ќе се обрати пред британскиот парламент, се вели во соопштението. Кабинетот на Сунак ги објави плановите за проширување на обуката за вооружените сили на Украина - вклучително и пилоти на борбени авиони и маринци - и забрзување на снабдувањето со воена опрема.

Видете и ова: Украински тенкисти на обука во Британија

Обуката ќе обезбеди пилотите да можат да летаат со софистицирани борбени авиони според НАТО стандардите во иднина, се вели во соопштението. „Посетата на претседателот Зеленски на ОК е доказ за храброста, решителноста и борбата на неговата земја и доказ за нераскинливото пријателство меѓу нашите две земји“, наведе Сунак во изјавата. Се очекува Британија денеска да воведе дополнителни санкции подоцна за да ги таргетира оние кои му помогнале на рускиот претседател Владимир Путин „да го изгради своето лично богатство и компаниите кои профитираат од воената машина на Кремљ“.