Претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и до семејствата на загинатите во силниот земјотрес во Турција. „Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот Реџеп Таип Ердоган и турскиот народ во овие тешки мигови по страшниот земјотрес што ја погоди Турција. На повредените им посакувам брзо закрепнување“, напиша претседателот Пендаровски на својот официјален Фејсбук профил.
Видете и ова: Силен земјотрес ги погоди Турција и Сирија, неколку илјади загинати
Повеќе од 300 луѓе загинаа во Сирија и во Турција во силниот земјотрес во близина на јужниот турски град Газиантеп рано утринава. Се очекува бројот на загинати да се зголемува.