Британскиот премиер Риши Сунак денеска разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски на 4 февруари. Во разговорот и двајцата се согласиле за важноста меѓународната заедница да ја забрза помошта за Украина, се вели во соопштението од кабинетот на Сунак.
„Премиерот рече дека е фокусиран на обезбедување на одбранбената воена опрема на Обединетото Кралство да стигне до линијата на фронтот што е можно побрзо“, се вели во соопштението од канцеларијата на Сунак.
„Двајцата лидери се согласија дека е од витално значење меѓународните партнери да ја забрзаат својата помош за Украина за да помогнат да се искористи можноста за туркање на руските сили назад“, се додава во британското соопштение.
Видете и ова: ЕУ ја повика Украина да продолжи по патот за членство, без да даде временска рамкаВчера највисокиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел објави двојно зголемување на бројот на украински војници што ќе бидат обучени од ЕУ на 30.000 оваа година и вети 25 милиони евра за деминирање области што повторно ги зазеде Украина.
ЕУ вели дека веќе одвоила речиси 60 милијарди евра помош за Украина, вклучително и речиси 12 милијарди евра воена поддршка и 18 милијарди евра за да помогне во управувањето на земјата оваа година, но одбива да понуди брза патека за членство.