Клубот за бугарско-македонско пријателство повика на смирување на односите меѓу Бугарија и Македонија

Клубот за бугарско-македонско пријателство упати повик во врска со, како што наведуваат, засилените обиди за минирање на односите меѓу двете земји во пресрет на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Клубот за бугарско-македонско пријателство повикува на мирно одбележување на оваа годишнина. Тие бараат владите на Бугарија и Северна Македонија веднаш да го спроведат механизмот за намалување на тензиите и идентификување на манифестациите на омраза, усвоен минатата година меѓу двете министерства за надворешни работи.

Видете и ова: МВР: За безбедноста на 4 февруари не се ангажирани припадници на бугарската полиција

Клубот го изразува своето уверување дека огромното мнозинство од општествата на двете земји се луѓе со европски вредности кои меѓусебно се почитуваат и разбираат. Тие треба да бидат основа и мерило за билатералните односи, а не поединечни радикализирани елементи и политичари кои бараат тема за сопствен политички опстанок. „Единствениот начин да ја покажеме нашата почит кон личностите кои не поврзуваат е како нивни наследници да им ја покажеме нашата братска љубов и поддршка“, се вели во обраќањето.