Руските сили притискаат во повеќе насоки во Доњецк

Руски напад врз цивилната инфраструктура во градот Краматорск во Доњецк

Руските трупи не го забавуваат притисокот во неколку области на регионот Доњецк и покрај тоа што претрпеле големи загуби, соопшти денеска украинската војска што ги зголемува индициите дека Москва се подготвува за голем офанзива. Руските напади во изминатите 24 часа се концентрирани главно на четири правци - Лиман, Бахмут, Авдијивка и Новопавливка - објави Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Видете и ова: Путин: Повторно ни се закануваат со германски тенкови

Во исто време, како што соопшти Генералштабот, континуираните напади на Русија врз цивилните и инфраструктурните цели на Украина резултираа со цивилни жртви и штети. „Руската Федерација не се откажува од своите намери да ја уништи критичната инфраструктура на нашата држава, продолжува да ги напаѓа цивилните цели и домовите на цивилното население. Во текот на изминатиот ден, непријателот изврши четири ракетни напади, од кои два ја погодија цивилната инфраструктура на градот Краматорск во Доњецк, како и пет воздушни напади“, соопшти војската. Руската војска постојано ги оправдуваше своите напади врз украинските градови како неопходни за уништување на украинската воена опрема и негираше дека напаѓала цивили и покрај огромните докази за спротивното.

Видете и ова: Украинската војска очекува нова голема офанзива од Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање рече дека руската армија сè уште има ресурси за обид за офанзивни акции, иако „стратешки поразот на Русија е веќе јасен“. Руската војска „бара опции за да се обиде да го промени текот на војната“ и се обидува да го искористи потенцијалот на територијата што моментално ја контролира за да и служи на својата агресија“, рече Зеленски.