Шпанија планира да испрати меѓу четири и шест тенкови Леопард 2А4 од германско производство во Украина, објави весникот Ел Паис, цитирајќи неименувани владини извори. Вистинската бројка ќе зависи од состојбата на борбените тенкови во складиштето и од тоа колку други земји на крајот ќе и достават на Украина, велат изворите за Ел Паис. Портпаролот на шпанското Министерство за одбрана не одговори веднаш на барањето за коментар. Киев обезбеди ветувања од Западот овој месец за снабдување со главни борбени тенкови за да се одбрани од руската инвазија, при што Москва вложува огромни напори за да постигне постепен напредок во источна Украина.
Видете и ова: Руска компанија нуди парични награди за уништување на западните тенкови во УкраинаУкраинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во вторникот рече дека неговата влада очекува да добие 120 до 140 западни тенкови од коалицијата од 12 земји во првиот бран. Кулеба рече дека станува збор за германски Леопард 2, британски Челинџер 2 и американски тенкови М1 Абрамс, и дека Украина, исто така, „навистина смета“ на договореното снабдување со француски тенкови Леклер.