Блинкен ја почна посетата на Блискиот Исток

Американскиот државен секретар Антони Блинкен го посети Американскиот универзитет во Каиро, Египет, 29 јануари 2023 година.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска пристигна во Египет, со што ја почна тридневната посета на Блискиот Исток. Неговата посета доаѓа во време кога се разгорува насилството меѓу Израелците и Палестинците, а тема на разговори со неговите домаќини ќе бидат и Иран и Украина.

Блинкен во понеделник заминува за Ерусалим. Новата десничарска влада на ирзаелскиот премиерот Бенјамин Нетанјаху предизвика загриженост дома и во странство за иднината на секуларните вредности на Израел, поради нарушените односи со арапското население и застој во мировните преговори со Палестинците.

Палестински напаѓач уби седум лица во напад пред синагога во Ерусалим во петокот, што е најлошиот напад врз Израелците во областа Ерусалим од 2008 година. Во четвртокот, израелските сили убија седум вооружени мажи и двајца цивили во окупираниот град Џенин на Западниот брег, најсмртоносниот рација таму во последните години.

Видете и ова: Израелската полиција приведе 42 лица за смртоносниот напад пред синагога

Блинкен таму ќе ги повтори американските повици за смиреност и ќе ја нагласи поддршката на Вашингтон за решение меѓу две држави, иако американските власти признаваат дека наскоро нема да има мировните преговори.

Блинкен ќе отпатува и за Рамала за да се сретне со претседателот на палестинската управа Махмуд Абас.