Чесите бираат претседател

Комбо фотографија од кандидатите за претседател на Чешка, Андреј Бабиш и Петар Павел

Жителите на Чешка на 28 јануари гласаат на вториот ден од вториот круг од изборите за нов претседател на земјата. Гласањето треба да заврши околу 14 часот.

Се предвидува историски рекордна излезност, бидејќи половина од регистрираните 8,25 милиони гласачи излегле на првиот ден од гласањето.

Тие избираат меѓу поранешниот началник на Генералштабот, а потоа и шеф на Воениот комитет на НАТО, пензионираниот генерал Петар Павел и петтиот најбогат Чех и поранешен премиер Андреј Бабиш.

Тие двајца се пласираа во вториот круг на гласање, бидејќи ниту еден од осумте кандидати во првиот круг не доби апсолутно мнозинство. Првиот круг од гласањето се одржа пред две недели на 13 јануари.

Павел е проевропски независен кандидат, по моделот на Вацлав Хавел и има поддршка од централнодесничарската влада. Бабиш е претприемач и поранешен премиер, сега лидер на опозицијата, пријател на унгарскиот премиер Виктор Орбан, но тој не е проруски настроен. Тој е со словачко потекло. Бабиш има поддршка и од претседателот во заминување Милош Земан.

Видете и ова: Втор круг претседателски избори во Чешка: Павел против Бабиш

Чешките претседатели немаат многу секојдневни должности, но избираат премиери и шефови на централни банки и имаат збор во надворешната политика.

Според предизборните анкети и модели, фаворит за победа на претседателските избори е Павел со можни 53 до 58 отсто од гласовите за поддршка.