Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири одговарајќи на пратеничко прашање на Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ порача дека целосно ќе се реализира наставната програма и целосно ќе се реализира се што е предвидено во датумите за државната матура и во делот за предвидените испити од матурата.
Тој информира дека се направени анализи од Секторот за основно образование, образложувајќи дека во Законот за основно образование точно се предвидува колку работни денови треба да се работи во една учебна година, додека во Законот за средно образование, како што рече, не е предвидено точно колку учебни денови треба да има една учебна година.
Видете и ова: Учениците утре се враќаат на настава, заврши зимскиот распустВторото полугодие од учебната 2022/2023 започна на 23 јануари 2023 година, наместо на 18 јануари 2023 година. Учебната година ќе заврши на 14-ти наместо на 9 јуни 2023 година. Годинава распустот беше продолжен со владина одлука, а меѓу причините за тоа беа наведени енергетската криза и епидемиолошката состојба.