Мицкоски: Бугарија влегува во конфликт на ниво на студена војна

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за последните случувања со Бугарија изјави денеска дека веќе предупредиле на тоа, а причината се отстапките на Владата.

„Она што вознемирува е фактот дека оваа Влада и покрај сите отстапки и покрај се што беше побарано од неа, практично се отстапи, се потпиша, во интерес на зачувување на своите лични фотелји, гледаме дека другата страна влегува во еден т.н. конфликт кој би го ставил на ниво на студена војна, бидејќи колку што разбрав амбасадорот на нашиот источен сосед не е во државава, односно го задржале таму и не е дојден тука каде треба да ја извршува својата амбасадорска позиција, а тоа властите во Софија го правдаат како револт поради оној настан кој се случил во Охрид“, изјави Мицкоски на новинарско прашање по посетата на Спортско рекреативниот центар во Драчево.

Бугарија вчера објави дека го повлекува својот амбасадор од Скопје и најави нова блокада на македонските евроинтеграции со ЕУ, додека македонските институции разгледуваат дали ќе им забранат влез на некои бугарски државјани што ја навредуваат Македонија. Претходно беше нападнат генералниот секретар на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков.

Мицкоски прашува зошто најпрвин се излегло со тезата за прогласување персона нон грата, а потоа властите се повлекле.

„Што чекаат? Да дојде 4 февруари, па да се случат инциденти, па тие луѓе да предизвикаат и да провоцираат од маргинални политичари. Од буквално естрадни политичари претворија сега политички тешкаши со овие пинг-понг изјави коишто се случија сега во јавноста.

Видете и ова: Ковачевски: МВР презема активности за безбедно чествување на роденденот на Гоце Делчев

Премиерот Димитар Ковачевски изјави денеска дека презема активности за безбедно чествување на роденденот на Гоце Делчев на 4 февруари.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ притоа смета дека однесувањето на власта е резултат на, како што рече, „нивната огромна корумпираност и заштита на криминалот за да останат позициите и се подготвени да го жртвуваат народот и неговата иднина“. Тој уште еднаш повика на што побрзо одржување на предвремени парламентарни избори.