Кремљ за приближувањето на „Часот на судниот ден“ ги обвини САД и НАТО

„Часовникот на судниот ден“

Кремљ денеска изрази тревога дека „Часовникот на судниот ден“ се приближил најблиску до полноќ од кога било досега, иако научниците кои го поместија симболичниот бројчаник ги наведоа „прикриените закани“ на Москва за употреба на нуклеарно оружје. „Часовникот на судниот ден“, создаден од Bulletin of the Atomic Scientists за да илустрира колку човештвото се приближи до крајот на светот, вчера го помести своето „време“ во 2023 година на 90 секунди до полноќ, 10 секунди поблиску отколку што беше во изминатите три години. Полноќ на овој часовник ја означува теоретската точка на уништување.

Видете и ова: Шефот на руската Дума упати предупредување до Западот ако праќа оружје за Украина

Стрелките на часовникот се поместуваат поблиску или подалеку од полноќ врз основа на читањето на научниците за егзистенцијалните закани во одредено време. „Ситуацијата во целина е навистина алармантна“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повикувајќи на трезвено оценување на тензиите меѓу Русија и Западот околу украинската криза. Тој рече дека нема изгледи за какво било детант, врз основа на „линијата што ја избра НАТО под водство на САД“. „Ова ни наметнува должност да бидеме особено внимателни, да бидеме будни и да преземеме соодветни мерки“, додаде тој. Вчера претседателката на Bulletin of the Atomic Scientists Рејчел Бронсон ги наведе постојаните предупредувања од страна на претседателот Владимир Путин и другите руски политичари дека Москва можеби е подготвена да користи нуклеарно оружје како клучен фактор во одлуката за поместување на бројчаникот на „Часот на судниот ден“.