Амбасадорот на САД во Србија, Хил: Важна е европската иднина на Србија

Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил.

Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил изјави дека внимателно го слушал говорот на српскиот претседал Александар Вучиќ, кој како што наведе, го изложил планот и концептот за тоа како многу комплициран проблем како односите од Србија и Косово, да се “доведе до решение.“

„Претседателот објасни како ја гледа иднината на Србија и Соединетите држави ја поддржуваат таквата иднина на Србија. Имаме добри односи со Европската унија и за нас е многу важно да го видиме развојот кој Србија го има со ЕУ“, рече денеска Хил.

Претседателот на Србија во обраќањето до јавноста на 23 јануари рече дека европско-американскиот дипломатски тим му пренел дека доколку не биде прифатен од француско-германскиот план за Косово, Србија ќе биде соочена со запирање на европските интеграции и инвестиции и со сеопфатни мерки во политички и економска смисла.

Видете и ова: Дачиќ: Србија е подготвена да работи на имплементација на француско-германскиот предлог

Тоа е предлог на ЕУ за нормализирање на односите меѓу Србија и поранешната провинција Косово, кој ги поддржуваат Германија, Франција и Соединетите држави, кој е претставен во Белград и Пристина во септември и декември 2022 година.

Вучиќ изјави дека овој план Де Факто е нова рамка за преговори за Србија.

„Нема напредок за нас ако не соработуваме за тоа прашање“, рече Вучиќ.

Хил исто така, изјави дека формирањето на заедницата на општини со српското мнозинство во Косово е обврска што произлегува од договорот за Брисел што треба да се разработи.

"Сите преговарачи и сите посредници, или од ЕУ или од САД, потврдија дека ова е обврска што произлегува од договорот во Брисел. Тоа е суштински елемент да се оди напред, а потоа следува во германско-францускиот прелог што ужива во поддршката на ЕУ , има пошироки идеи за кои ќе биде потребно малку повеќе време“, рече Хил.

Хил исто така изјави дека не може да се очекува дека заедницата ќе се реализира веднаш, додавајќи дека деталите треба да бидат елаборирани.