Украински разузнувач убиен од свои колеги

Украинскиот шеф на военото разузнавање - генералот Кирило Буданов

Украинските безбедносни агенти биле одговорни за убиството на украинскиот банкар кој наводно служел како клучен канал за информации и преговарач со Русија во пресрет на минатогодишната инвазија. Ова го изјави генералот Кирило Буданов раководител на Украинската воена разузнавачка агенција позната под скратено име ГУР во интервју за украинскиот сервиз на Радио Слободна Европа. Таквата изјава дополнително ја зголемува мистеријата околу убиството на Денис Киријев.

Буданов изјави дека „верува во фактите“ и дека Киријев, кој бил постојано вработен во агенцијата, бил убиен од Службата за безбедност на Украина, нашироко позната како СБУ. Буданов не кажа колку долго Киријев работел за агенцијата. Според него агентите на СБУ се виновни за убиство на „ украински херој“.

Коментарите на Буданов дојдоа на само три дена по сторијата на Вол Стрит Журнал со наслов „Руски шпион или украински херој? Чудната смрт на Денис Киријев“. Во сторијата се испитува работата на Киријев, кој бил вработен во западна банка и развил врски со моќни бизнисмени во источниот украински регион Доњецк, кои имале силни врски со Русија.

Видете и ова: Висок функционер на украинското разузнавање пронајден мртов

Во сторијата е наведено дека Неколку часа пред Русија првпат да испрати војници во Украина, Киријев предупредил на планот на Москва да го заземе Киев. Неколку дена подоцна, тој бил убиен од безбедносни агенти. Телото на Киријев беше пронајдено на тротоар во Киев на 5 март, 12 дена откако Русија ја започна својата инвазија.

Според Вол Стрит Журнал, Киријев бил под истрага од СБУ под сомнение дека им предавал информации на руските официјални лица.

СБУ одби да одговори на прашањата на Радио Слободна Европа во врска со тврдењата на Буданов. Главната украинска агенција за спроведување на законот, Државното биро за истраги, одби да ја коментира изјавата на Буданов дека отворила кривична истрага за убиството.

Видете и ова: Три можни причини за пад на хеликоптерот во Украина

Буданов потврди дека Киријев учествувал во разговорите на високо ниво со руски официјални лица одржани во Белорусија само четири дена по инвазијата, а тој рече дека еден ден пред неговата смрт, Киријев требало повторно да отпатува со воз во Белорусија за повеќе разговори - по директива на Буданов.

Во интервју за балтичката новинска агенција „Делфи“ на 19 јануари, Михајло Подољак, главен советник на претседателот Володимир Зеленски, изјави дека Кириев бил убиен поради недоволна координација меѓу СБУ и агенцијата на Буданов.

Во јули, Зеленски го отпушти шефот на СБУ, Иван Баканов, кој е пријател од детството на Зеленски. Украинскиот лидер, исто така, разреши десетици генерали и други високи офицери во СБУ поради нивната наводна улога во дозволувањето на руската инвазија да продолжи напред.