Уапсен поранешниот командант на Вагнер кој бара азил во Норвешка

илустрација

Поранешниот командант на руската платеничка група „Вагнер“, кој неодамна побегна во Норвешка, е уапсен од полицијата, изјави денеска официјален претставник. „Тој е уапсен...и ние размислуваме дали да бараме судска одлука за интернирање“, изјави полициската адвокатка Лине Исаксен за Ројтерс, одбивајќи да даде дополнителни детали.

Мрежата на руски Вагнер на Балканот

Андреј Медведев, кој побегна минувајќи ја руско-норвешката граница на Арктикот, изјави дека се плаши за својот живот откако бил сведок на убиствата и малтретирање на руските затвореници донесени на фронтот во Украина.