Облаци и дожд на пониските, снег на повисоките места

Илустративна фотографија

Денеска времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Во утринските часови во западните делови врнежите ќе преминуваат во снег и во некои пониски места, додека во југоисточните, врнежите ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 5 до 12 Целзиусови степени.
Во Скопје исто така ќе има променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), снежната покривка на планините ќе се зголеми, а формирање на снежна покривка се очекува и во повисоките места на запад. Во југоисточните делови попладне врнежите ќе бидат поројни. Утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Од ноќните часови кон понеделник под влијание на нов влажен бран повторно ќе има врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, кои пообилни ќе бидат во понеделник во текот на денот.

Видете и ова:

Еден загинат и еден исчезнат во поплавите во Србија

Од секторот за хидрологија при УХМР апелираат на претпазлово движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот и утрешниот ден поради можност од нивно излевање.