Актерот Алек Болдвин и специјалистот за оружје на филмскиот сет ќе бидат обвинети за ненамерно убиство во фаталното пукање на кинематограферката Халина Хачинс која беше убиена на филмски сет во Ново Мексико. Во соопштението од Обвинителството е наведено дека станува збор за „криминално непочитување на безбедноста“.
Окружниот обвинител во Санта Фе, Мери Кармак-Алтвис, објави соопштение во кое ги посочи обвиненијата против Болдвин и Хана Гутиерез Рид, кои го надгледуваа оружјето на сетот каде се снимал филмот „Рѓа“.
Хачинс почина набргу откако беше ранета за време на пробите на ранчот на периферијата на Санта Фе на 21 октомври 2021 година. Болдвин вперувал пиштол како дел од вежба за улогата кон Хачинс кога пукнал пиштолот, убивајќи ја неа и ранувајќи го режисерот Џоел Соуза.
Помошникот директор Дејвид Холс, кој му го предадал пиштолот на Болдвин, потпиша договор со кој се изјанува за виновен за небрежна употреба на смртоносно оружје, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител.
Ненамерното убиство вклучува убиство што се случува додека обвинетиот прави нешто што е законско, но опасно и постапува без претпазливост.
Обвинението е кривично дело од четврти степен, казниво со затвор до 18 месеци и парична казна од 5.000 долари според законот во Ново Мексико. Обвиненијата, исто така, вклучуваат одредба што може да резултира со задолжителна петгодишна затворска казна бидејќи делото е извршено со пиштол.
Андреа Риб, специјален обвинител за случајот, на сетот на филмот за новинската агенција Асошиетет пред изјави дека постои „шема на криминално непочитување на безбедноста“.
„Ако некој од овие тројца луѓе - Алек Болдвин, Хана Гутиерез Рид или Дејвид Холс - ја завршеше својата работа, Халина Хачинс ќе беше жива денес. Толку е едноставно“, рече Риб.
На актерот Алек Болдвин во раце му бил даден пиштол реквизит за кој му било речено дека е безбеден и дека во него нема вистински куршуми, што подоцна се покажа неточно и резултираше со смрт на директорката на фотографија, а беше ранет режисерот, соопшти полицијата на 23 октомври 2021 година.
Помошникот режисер кој му го дал пиштолот на Болдвин во раце, не знаел дека во него има вистински куршуми, пишува во извештајот на полицијата.
Болдвин на снимањето на филмот „Рѓа“ ја усмрти директорката на фотографија Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза кога пукал од пиштолот реквизит. Хачинс починале во болница, а Соуза е пуштен на домашно лекување.