Дождовите во југозападна Србија предизвикаа излевање на дел од помалите реки

Три реки во југозападниот дел на Србија почнале да се излеваат од речното корито. Станува збор за реките Рашка, Јошаница и Трнавица во градот Нови Пазар.

Раководителот на Секторот за вонредни ситуации и одбранбени работи на Град Нови Пазар, Исмаил Дупљак за Радио Слободна Европа (РСЕ) изјави дека нивото на водата е толку високо што во одредени делови се реките се израмнети со брегот.

„Рашка река се излеа на повеќе локации во населените места Селаковац и Луг и на неколку други локации од утрово службите се обидуваат да ги санираат тие критични места,“ рече Дупљак.

Тој додаде дека службите работат на терен и дека се обезбедени критичните места. Реката Грабовица се излеа во ноќта меѓу 18 и 19 јануари од регулираниот дел на коритото и го поплави центарот на Сјеница-град во југозападна Србија. Водата влезе во повеќе од 200 згради, вклучувајќи куќи, училишта, станбени згради и барови.

Претседателот на таа општина Муниб Мујагиќ за РСЕ изјави дека состојбата денеска е многу полоша од вчера и дека под вода има цели населени места по целиот тек на Грабовица преку Сјеница.

„Поплавени се техничкото училиште и гимназијата, општинската канцеларија, а секоја минута добиваме пријави од работнички организации и државни органи чии простории се поплавени“, рече Мујагиќ.

Видете и ова: Нов модел за глобално лидерство за човекови права

Како што рече, во моментов се разгледува состојбата во училиштата и градинките.Во однос на наставата во средните училишта, таа ќе биде прекината. Во Сјеница од вчера е на сила вонредна состојба.