Казахстанскиот претседател распиша нови предвремени избори

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев го разреши Долниот дом на парламентот, Мажилис. Во соопштението од неговиот кабинет е наведено дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 19 март годинава.

Видете и ова: Тоакев останува претседател на Казахстан

Ваквото соопштение на Токаев доаѓа на само два месеци по одржувањето на предвремените претседателски избори во централноазиската земја на кои се консолидираа неговите овластувања по невидените антивладини протести кои станаа смртоносни во јануари 2022 година, а кои ги ослабнаа позициите на неговиот претходник, Нурсултан Назарбаев.

На минатите предвремените парламентарни избори во Казахстан водството го презема Касим-Жомарт Токаев освои 81,3 отсто од гласовите. Со тоа Токаев, кој е и актуелен претседател на земјата требаше да остане на таа функција уште седум години.

Изборите на 20 ноември дојдоа речиси три месеци откако беа изгласани измените со кои досегашните два последователни претседателски мандати од по пет години се заменуваат со еден во траење од седум години. Уставните измени беа предложени од Токаев како дел од неговата кампања за создавање, како што тој го нарекува „Нов Казахстан“.