Земјотрес со сила од 7 степени во Индонезија, жителите бегаат од зградите

Силен земјотрес од 7 степени според Рихтер ја погоди денеска провинцијата Северен Сулавеси во Индонезија, соопшти агенцијата за геофизика на земјата, додавајќи дека нема потенцијал за цунами. Пацифичкиот центар за предупредување од цунами, сепак, предупреди дека постои ризик од бранови од цунами лоцирани на 300 километри од епицентарот. Индонезиската агенција соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 64 километри, 141 километар југоисточно од градот Мелонгуане.

Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди Индонезија

Жител на Манадо, главниот град на Северен Сулавеси, телефонски изјавил дека земјотресот се почувствувал многу силно неколку секунди и дека луѓето трчаат надвор од зградите. Сепак, како што додаде, засега не била забележана видлива штета и некои луѓе се вратиле во своите домови. Индонезија се наоѓа на врвот на таканаречениот „Огнен прстен на Пацификот“, еден од сеизмички најактивните региони во светот, со чести земјотреси.