Претседателот Стево Пендаровски денеска го опиша Западен Балкан како мека точка во безбедносната архитектура на Европа и зрела за потенцијални кампањи за влијание од страна на Русија. „Меката точка во архитектурата на Европа и опасноста од Кремљ е Западен Балкан“, рече претседателот Стево Пендаровски на настанот на Светскиот економски форум, додавајќи дека верува оти САД треба да посветат поголемо внимание на ситуацијата во регионот.
Османи: Мора да запре страдањето во Украина
„Не сум загрижен дека трансатлантското и паневропското единство и солидарност ќе го имаме и годинава, но се прашувам дали ќе се задржи и кога војната во Украина ќе заврши, а тоа е клучно за да надвладее демократијата над автократијата, истакна претседателот Стево Пендаровски на денешната панел сесија „Во одбрана на Европа“, што се одржува во рамките на Светскиот економски форум во Давос. Во рамки на форумот, претседателот Пендаровски ќе учествува и на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, а ќе има и повеќе билатерални средби со учесници на форумот.