Путин и Ердоган телефонски разговарале за Украина

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган. Според соопштението, тие разговарале за потенцијална размена на затвореници меѓу Украина и Русија.

Во соопштението на Кремљ се наведува дека за време на повикот, двајцата лидери продолжиле со „размената на мислења за ситуацијата околу Украина“ на теми кои вклучуваат и траен мир и извоз на жито преку Црното Море.

Видете и ова: Над 7000 цивили загинале во Украина

Украинските власти не учествувале во повикот. Ердоган ги искористи своите пријателски односи и со Москва и со Киев за да се обиде да посредува во прашањата за време на војната, започната од Русија на 24 февруари 2022 година.