ЗНМ и ССНМ: Етикетирањето на медиуми од страна на Ахмети е опасно

ЗНМ лого

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници најостро реагира на изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој два медиуми – телевизиите Телма и Алфа ги нарече „непријатели на Албанците“. Ахмети на партиската трибина во Гостивар рече: „Кому му служиме со овие поделби што се прават? Се разбира, на непријателите на Албанците, тие аплаудираат, Алфа, Телма – мелма, тоа се тие. Што добија Албанците кои беа поделени во минатото, што? Не добија ништо“. ССНМ смета дека ваквиот говор на Ахмети е недозволив и крајно опасен за слободата на говорот и на медиумите во земјава, како и за демократскиот амбиент за кој тој декларативно се залага во изминатите дваесетина години. ССНМ уште еднаш сака да потенцира и предупреди дека ваквото квалифицирање на медиумите од страна на политичарите, може да предизвика непријателско однесување кон новинарите и медиумските работници, загрозувајќи ја нивната безбедност.

Чадиковски реизбран за претседател на ЗНМ

Здружението на новинарите на Македонија ЗНМ исто така го осудува јавното етикетирање на телевизиите Телма и Алфа од страна на Али Ахмети. „Оваа скандалозна изјава е штетна и може да ја загрози безбедноста на новинарите и медиумските работници а со тоа да се поттикне цензура во поширок контекст. Изјавата е посебно проблематична што доаѓа од претседател на политичка партија која е дел од власта и истата може да стимулира напади и закани врз медиумите и новинарите од страна на партиските припадници, а тоа може да повлече многу негативни последици на слободата на изразување“, наведува ЗНМ.