Руската инвазија врз Украина и политички карикатури теми на Вевчанскиот карневал

Руската инвазија врз Украина, енергетската криза како и домашните проблеми и политички карикатири беа дел од инспирацијата за маските на вевчани за традиционалниот Карневал кој се оддржува денеска. На традиционлното дефиле вевчани се пошегуваа и на сметка на македонскиот премиер Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска и потсетија на корупциските скандали.

По дефилето низ главната улица маскираните го изиграа василичарското оро, пред многубројната публика од државата и пошироко, а меѓу нив и домашни и странски медиуми.

На Карнвалот присустува и лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој како што рече, во Вевчани е да ја продолжи традицијата со Вевчанскиот карневал.

Градоначалникот Спасе Кочовски изјави дека карневалот ја отсликува сосотојбата изминатата година прикажувајќи ги негативните состојби во оптеството, со цел во иднина да се коригира.

Вевчански карневал - отворен театар без режија

Преку маските вевчанци испраќаат и пораки годината да биде бериќетна, да има среќа, здравје и да се променат негативните работи во општеството. Се верува дека преку маските Василичарите го бркаат злото и прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар.

По Василичарското оро, зетот и невестата од двете маала ќе ги посетат домовите на вевчанци со благослов за здравје и бериќет во Новата година.

Ноќта пак, придружувани од останатите соселани, одат на Вевчанските извори од каде полнат вода со која прават кашаник (зелник) во кој се става паричка. Кај тој што ќе се падне паричката се верува дека ќе биде среќен и бериќетен во текот на целата година.