Запрени сите летови во САД

илустрација

Сите домашни летови во Соединетите Држави беа прекинати до 14 часот поради дефект во компјутерскиот систем на Федералната управа за авијација, пренесоа американските медиуми.

Американската федерална управа за авијација (ФАА) објави дека работи на поправка на системот што ги предупредува пилотите за потенцијални опасности на летовите, пренесе Би-Би-Си.

ФАА прецизираше дека некои функции почнале да се враќаат на интернет, но дека операциите на националниот систем за воздушен простор остануваат ограничени.

Видете и ова: Илјадници летови се откажани во САД поради силната арктичка бура

Авиокомпанијата Јунајтед Ерлајнс објави дека ги одложува домашните летови до понатамошно известување.

Меѓународниот аеродром Остин-Бергстром во Тексас потврди дека сообраќајот на американските аеродроми е запрен.

Се додава дека патниците треба да очекуваат одложувања поради прекини на летовите низ целата земја.