Шведска подготвува легислатива за да се дозволи изградба на повеќе нуклеарни централи за да се зголеми производството на електрична енергија во оваа нордиска земја и да се зајакне енергетската безбедност, изјави денеска премиерот Улф Кристерсон, додавајќи дека проширувањето на производството на нуклеарна енергија клучна цел за неговата десничарска влада која се обидува да го смени процесот на постепено затворање на неколку реактори во изминатите неколку децении што ја остави земјата повеќе да се потпира врз обновливите извори на енергија.
Бугарија потпиша договор за нуклеарно гориво со Вестингхаус
Предложената нова легислатива, која сè уште треба да биде усвоена од парламентот, ќе овозможи изградба на нови реактори на повеќе места низ Шведска. „Имаме очигледна потреба од поголемо производство на електрична енергија во Шведска“, рече Кристерсон на прес-конференција.