Рускиот митрополит Антониј во посета на Македонската православна црква

Митрополитот Антониј, поглавар на Патријаршиската егзархија на Руската православна црква во Западна Европа

Рускиот митрополит Антониј, кој е директор на Одделот за меѓународни односи на Руската православна црква и викар на патријархот Кирил, денеска ќе ја посети Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Информацијата за посетата на рускиот владика на Скопје за ТВ Сител ја потврдил митрополитот на Дебарско-кичевската епархија Тимотеј. Сепак тој не изнесол детали за целта на посетата на миторполитот Антониј, кој според некои медиуми, ќе имал средба со поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан.

Г.г. Стефан: Да ги сакаме и почитуваме татковината, историјата, културата и јазикот

Некои бугарски медиуми наведуваат дека митороплитот Антониј во декември минатата година во Софија имал „тајна” средба со бугарскиот патријарх Неофит по која, како што посочуваат, Синдот на БПЦ одлучи да го признае томосот на СПЦ за автокефалноста на МПЦ-ОА.