Времето денеска: променливо облачно со повремени врнежи

Променливо облачно со повремени слаби локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на некои од повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе се движи од 2 до 11 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 8 степени.