Вооружени напаѓачи киднапираа 30 лица од железничка станица во Нигерија

Воз сообраќа на релација Абуџа - Кадуна (архивска фотографија)

Вооружени напаѓачи киднапирале повеќе од 30 луѓе во напад на железничка станица во јужна Нигерија, соопштија полицијата и локалните власти.

Киднапирањата се вообичаени во Нигерија, особено во северозападните и централните делови на најнаселената африканска земја.

Во март 2022 година, вооружени напаѓачи разнесоа дел од железничката линија меѓу главниот град Абуџа и градот Кадуна на северот на земјата.

Потоа убија осум лица и киднапираа неколку десетици патници, кои беа пуштени во следните месеци со откуп.

Нападот на железничката станица се случи на 7 јануари.

Напаѓачите отвориле оган пред да ги киднапираат патниците кои го чекале возот.