Шоле ја откажал посетата на Босна и Херцеговина, причините не се познати

Дерек Шоле

Специјалниот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле нема да ја посети Босна и Херцеговина, како што беше претходно најавено. Во почетокот на декември 2022 година, Шоле планираше да ги посети Северна Македонија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Белгија. Таа посета беше откажана бидејќи, како што беше соопштено, американскиот дипломат бил заразен со коронавирусот. Стејт департментот деновиве објави дека Шоле ќе ги посети Обединетите Арапски Емирати, Северна Македонија, Србија и Косово.

Шоле наредната недела во Скопје, Приштина и Белград

Претходно беше најавено дека Шоле ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ и, како што беше истакнато, „ја потврди американската поддршка за продолжување на напорите за создавање функционална, одржлива, мултиетничка држава“. Тој оцени дека Босна и Херцеговина е меѓу „најчувствителните земји“ и дека како таква ја ужива поддршката на НАТО, пред се поради негативното влијание на Русија.