Две лица се ранети кај Штрпце - напаѓачот е уапсен

Илустративна фотографија

Две лица се ранети во селото Драјковце, општина Штрпце, населено со мнозинско српско население, откако во нив било пукано од автомобил кој се движел од Штрпце во правец на Урошевац, соопшти косовската полиција.

Ранети се единаесетгодишно момче и 31-годишен маж, а уапсен е 33-годишен маж со иницијали А.К. Повредените се хоспитализирани и се надвор од животна опасност, соопштија од полицијата.

Курти бара посилен притисок врз Белград со цел да се постигне договор

Инцидентот се случил околу 15 часот и 20 минути. Осомничениот сега е префрлен во регионалната полициска станица во Урошевац, а полицијата соопшти дека бил пронајден и пиштолот од кој било пукано.

Косовскиот премиер Албин Курти го осуди нападот. На социјалните мрежи напиша дека осомничениот кој е уапсен ќе мора да се соочи со правосудните органи.

„Надлежните единици ќе ја продолжат истрагата се додека не се разјаснат сите околности на овој неприфатлив чин“, напиша Курти.

Тој посочи дека косовската полиција е целосно ангажирана во извршувањето на своите должности „со цел да ги заштити животите и имотот на сите“.