Дваесет и двегодишен демонстрант осуден на смртна казна во Иран

Протести во Иран

Дваесет и две годишен демонстрант во Иран е осуден на смрт под обвинение за „корупција на земјата“. Организацијата „HAALVSH“која ги следи прекршувањата на правата во иранскиот регион Балучистан, соопшти дека Мансур Дехмардех бил уапсен на 3 октомври поради протестите во југоисточниот ирански град Захедан, против смртта на Махса Амини, која почина во притвор на иранската полиција за морал, пренесува Радио Фарда на РСЕ.

Според извештајот на организацијата, Дехмардех, кој е физички инвалид, на судијата му рекол дека за време на демонстрациите фрлил само три камења и запалил гума. Тој тврди дека бил измачуван 10 дена додека бил држен во притворскиот центар на Одделот за разузнавање во Захедан.

Иран укина смртна казна на тројца демонстранти, на други двајца им ја потврди

Дехмардех сега се наоѓа во централниот затвор Захедан, а затворските власти не му дозволуваат да телефонира или да се сретне со членовите на семејството.

Пресудите за обвиненија како што се „корупција“ и „водење војна против Бог“ се казнуваат со смрт според исламскиот шеријатски закон и се користени од иранското правосудство за да и помогнат на владата да ги задуши протестите ширум земјата.