Еден војник убиен, еден ранет во престрелка во касарна во Австрија

Илустративна фотографија

Еден војник е убиен, а друг е ранет во денешната престрелка во касарна во близина на Виена, соопшти австриската армија.

„Еден стражар е убиен, а еден војник е ранет утринава околу 7 часот во размена на оган во касарната Винер Нојштат“, кај Виена, напиша на Твитер портпаролот на армијата Михаел Бауер.

Австрија се сомнева оти Грк шпионирал за Русија

Отворена е истрага. Австриската новинска агенција АПА пренесе дека војниците се скарале пред пукањето. Такви инциденти се ретки во Австрија.