Узбекистанските власти уапсија четворица по смртта на 19 деца од сируп за кашлица

Илустрација

Узбекистанските власти уапсија четири лица по смртта на 19 деца кои конзумирале сируп за кашлица направен од индиската фармацевтска компанија „Марион Биотек“, соопшти државната служба за безбедност на 6 јануари.

Двајца од приведените на Научниот центар за стандардизација на лекови се обвинети за кршење на процедурите во тестирањето на сирупот. Другите двајца се вработени во „Курамакс Медикал ДОО“, фирмата - увозник на сирупот во земјата.

Министерството за здравство на Узбекистан на 30 декември соопшти дека децата починале откако конзумирале сируп „Док-1 Макс“ на „Марион Биотек“, кој, според Министерството, содржел токсична супстанција етилен гликол.

Најмалку 18 деца починале по употреба на лек против настинка во Узбекистан

Откако инцидентот излезе на виделина, беше објавено дека продажбата на оваа серија лекови во Узбекистан е привремено прекината. Министерството за здравство, исто така, соопшти дека отпуштило седум вработени поради небрежност, бидејќи ненавремено ги анализирале информациите за смртните случаи и не ги преземале потребните мерки.