Сончево и облачно време со утринска магла по котлините

Илустрација

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по котлините ќе има појава на магла, но во текот на денот ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој ќе предизвика намалување на маглата во повеќето котлини. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16 степени.

2022 била најтопла година во Шпанија, откако почнале мерењата на температурата

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе се намали и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.