Франција ќе и даде борбени возила на Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон на украинскиот претседател Володимир Зеленски му ветил дека Франција ќе испрати лесни борбени возила AMX-10 RC за да му помогне на Киев во војната против Русија.

Оваа информација ја споделија од кабинетот на Макрон на брифинг со медиумите, при што не открија повеќе детали од телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, како и за обемот или времето на планираните пратки.

Видете и ова: Украина ќе побара исклучување на Русија од Советот за безбедност на ОН

Дополнително било посочено дека разговорите меѓу двете земји ќе продолжат во врска со потенцијалната испорака на други типови возила, јавува новинската агенција Ројтерс.

АМХ-10 од француско производство е извидно возило со голема подвижност што може да превезува до четири лица.